На 15 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа состанок на Работната група за подготовка на стандарди за воспоставување на Центар за дневно и привремено прифаќање на жртви на трговија со луѓе.
На средбата учествуваа претставници од Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за Внатрешни работи, здружение на граѓани и експерти.
На состанокот се дискутираше по нацрт-постапките и процедурите за упатување и сместување, исто така беа разгледани и принципите за постапување на жртви на трговија кои ќе бидат дел од документот.