Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 менторски сесии за родово одговорно буџетирање за институциите на централно ниво.
Учесници беа административни службеници од Министерство за транспорт , Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, Агенција за катастар на недвижности, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер и Државна комисија за спречување на корупција, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија , Министерство за европски прашања, Министерство за правда, Министерство за финансии, Министерство за економија и труд, Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија, Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, Министерство за односи меѓу заедниците, Министерство за локална самоуправа, Министерство за здравство, Институт за јавно здравје на РСМ, Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана и Центар за управување со кризи, Комисија за односи помеѓу верските заедници, Министерство за култура и туризам , Министерство за образование и наука , Министерство за спорт, Центар за стручно образование и обука, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за јавна администрација, Државен архив на Република Северна Македонија, кои се вклучени во процесот на креирање на политики и буџети, координатор и зам. координатор за еднакви можности.
Менторските сесии се насочени кон активности кои имаат за цел да обезбедат експертски поддршки и стручни консултации за поддршка на административни службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање согласно Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава и упатството за пополнување на истата.
Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање ги спроведе и ги координираше менторските сесии во соработка со UN Women и техничка поддршка од Центарот за управување со промени – ЦУП.