Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се оддржа презентација на "Извештајот за интрасекциска и повеќекратна дискриминација кон жените и девојчињата Ромки во пристапот до правда." Извештајот подготвен од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со поддршка од проектот "Поддршка на ЕУ за владеење на правото ", претставува значаен чекор во насока на унапредување на пристапот до правда за една од најмаргинализираните групи во општеството -жените и девојчињата Ромки. Настанот овозможи конструктивна размена на мислења и отвори можности за понатамошна соработка меѓу сите релевантни чинители.