Продолжува  втор циклус на обуки од Менторската програма ,,Жени за жени‘‘Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството. Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на 7 и 8  Мај 2025 година се одржа дводневна обука за менторини.