Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе две еднодневни обуки на ден 29.12 и 30.12.2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање. Обуките беа наменети за стручните лица од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје и претставници од стручните служби од детските градинки во Скопје. Целта на обуката е да се препознае дискриминацијата, да се реагира и да се поттикне на еднаквост и инклузивност во општеството. Обуката е подржана од Советот на Европа , преку програмата за борба против омразата и нетолеранција на Хоризонталниот инструмент Западен Балкан и Турција.