На ден 19.12.2024 година Ресурсниот центар беше посетен од страна на питомци и питомки од Воената Академија ,, Генерал Михаило Апостолски‘‘ – Скопје. Посетата беше искористена питомците и питомките да добијат основно знаење за концептите на родова еднаквост, процесите на родово одговорно буџетирање, националните механизми за родова еднаквост, како и да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите аспекти при креирање на јавни политики и буџети.

Посетата беше во рамките на предметот Социологија кој покрива дел за родова еднаквост и вклучување на родовата перспектива.

На заедничко задоволство посетата беше успешно реализирана со искажување на иницијатива за понатамошна поинтензивна соработка во областа на родовата еднаквост.