Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа првиот модул „Род и воведување на родовата перспектива во јавните политики“ од Основната обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики.
Во обуката се вклучени административните службеници вработени во министерствата со релативно кратко искуство во работата особено лицата кои започнале со работа во институциите во последните три години, односно учесници кои досега немале можност подлабоко да се запознаат со концептите за родова еднаквост.
Како теми на обработка беа Основните родови концепти, Поим за вклучување на родовата перспектива во стратешките документи и јавните политики, што е родова политика и типови на родови политики.
Овие обуки се организирани од страна на Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, имплементирана од UN Women со финансиска поддршка од Швајцарија и Шведска.