Министерството за труд и социјална политика организираше уште една дводневна работилница во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање на тема „Родово буџетски изјави- Извештај за родово одговорно буџетирање (Follow up)“.
На работилницата учествуваа претставници од секторите за буџет и стратешко планирање и лица кои се инволвирани во процесот на родово одговорно буџетирање, како и координаторите за еднакви можности од сите ресорни Министерства во државата. Целта на работилницата е надминување на предизвиците со кои се соочуваат институциите при подготовка на Родово буџетски изјави/извештаи.
Работилниците се организирани во рамките на проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“, како дел од проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарија и Шведска.