Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање денеска започна третата обука на тема Родова анализа која ќе се одржува два дена. Обуките се спроведени во рамки на програмата на Министерство за труд и социјална политика за зајакнување на капацитетите на службите и службеничкте од јавниот сектор од страна на ЦУП.

На обуките ќе се обработуваат клучни родови концепти, родово одговорни, неутрални, слепи и трансформативни политики. Исто така беше опфатена родовата анализа, поим и разбирање како и чекори за спроведување на родовата анализа.