Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје започна со спроведување на работилници на тема: „Родовата перспектива во јавните финансии – Родово одговорно буџетирање“, наменети за зајакнување на административните капацитети во делот на вклучување на родовата перспектива во креирање на буџетите. 


Работилниците се одржуваат во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање. Активностите се спроведени во рамките на проектот „Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешко планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“ кој што е дел од проектот “Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија„ на UN Women, финансиски поддржан од Швајцарија и Шведска.


На работилниците зедоа учество три претставници од стручно или раководно ниво од секторот за финансии и координаторот и заменик координатор од секторот за еднакви можности од сите ресорни министерства.