Во периодот од 21 до 23 Февруари 2024 година, Министерство за труд и социјална политика во соработка Со UN Women одржаа работилница за размена на искуства и добри практики помеѓу координаторите/ките за еднакви можности на жените и мажите од 22 единици за локална самоуправа (ЕЛС).

Работилницата послужи како платформа за меѓусебно учење и поддршка, споделување на добри практики и предизвици во интегрирањето на родовата перспектива и родово одговорно буџетирање во програмирањето и работата на ЕЛС. Препораките кои произлегоа од дискусиите беа развиени заедно со МТСП и ќе бидат проследени со соодветни активности за застапување и унапредување на воспоставените практики кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите и Националната стратегија за родова еднаквост 2022-2027.

Оваа активност е само една од низата кои следат во насока на зајакнување на локалните механизми за родова еднаквост.