Настани

Интервјуа, Работилници, Јавни настани

Настани

Регионална обука за обучувачи за родова еднаквости интегрирање на родовата перспектива во јавните политики и буџети - прв циклус

25.08.2025

Целата на обуката е зајакнување на знаењата  на административните службеници од регионот  за родовата еднаквост, да се  разберат придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.

Сподели:

Презентација на Извештајот за интрасекциска и повеќекратна дискриминација кон жените и девојчињата Ромки во пристапот до правда.

23.06.2025

Извештајот подготвен од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со поддршка од проектот "Поддршка на ЕУ за владеење на правото ", претставува значаен чекор во насока на унапредување на пристапот до правда за една од најмаргинализираните групи во општеството -жените и девојчињата Ромки. Настанот овозможи конструктивна размена на мислења  и отвори можности за понатамошна соработка меѓу сите релевантни чинители.

Сподели:

Комисија за спречување и заштита од недискриминација

23.06.2025

Настан за Комисија за спречување и заштита од недискриминација

Сподели:

Регионален форум за практичарите од ЕЛС, Центрите за социјална работа, полицијата, здравствени установи, правосудството и ГО за Скопски регион

16.05.2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади започна со подготовка на Национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033. Агенциите на Обединети Нации во државата (UNFPA, UN Women и UNDP) го поддржуваат овој процес преку ангажирање на национални консултанти за поддршка во спроведувањето на анализа на состојбата и формулирањето на нацрт стратегијата. Во насока на обезбедување на широк консултативен процес предвидено е организирање на регионални форуми за практичари од ЕЛС, институциите, правосудството и ГОи за адресирање на предизвиците и интегрирање на предлози за подобрување на институционалниот одговор кон насилството врз жените и семејното насилство.

Сподели:

Втора работна средба за подготовка на НАП за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027

30.04.2025

Подготовката на овој НАП започна по спроведувањето на среднорочната евалуација на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, со носителите на активностите НАП 2022-2024 година одржана е една работна средба на која се дискутираа нереализираните активности кои ќе бидат дел од новиот НАП 2025-2027. Процесот продолжува со оваа втора работна средба по што следува финална работилница за валоризација на НАПОТ пред да се достави до Влада.

Сподели: