Настани

Интервјуа, Работилници, Јавни настани

Настани

Анализа на проценка на потребите и ресурсите на институциите во врска со справување на семејното насилство и сексуалното вознемирување на интернет

14.03.2025

Анализа на проценка на потребите и ресурсите на институциите во врска со справување на семејното насилство и сексуалното вознемирување на интернет

Сподели:

Посета на Ресурсниот Центар од страна на питомци на Воената академија

19.12.2024

Посета на Ресурсниот Центар од страна на питомци на Воената академија Генерал Михаило Апостолски - Скопје

Сподели:

Работилница: Претставување на индикатори од Профилот за родова еднаквост кон постигнување имплементација на ЕУ ГАП 3 (Акциски План за родови прашања 3) наменета за граѓанските организации

04.12.2024

Целта на оваа работилница беше да се  стекне разбирање за индикаторите од Профилот за родова еднаквост изработен од UN Women и стекнување знаење за ЕУ ГАП 3 I и нивните индикатори, кои се клучни за интегрирање на родовата перспектива во националните институции, постоечките родови институционални механизми и политиките, програмите и проектите на ЕУ во земјава. Идиникаторите од Профилот за родова еднаквост обезбедува детална проценка на клучните предизвици за родовата еднаквост во контекст на одржливиот развој во Северна Македонија, идентификувајќи ги родовите нееднаквости во уживањето на социјалните и економските права, културните и политичките права и анализирајќи ги главните причини за идентификуваните предизвици. Учесниците имаа можност да ги разберат индикаторите на Целите за одржлив развој (SDGs), во исто време имајќи ги предвид Пекиншката платформа за акција (BPfA) и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) рамки. Целна група: претставници од граѓанскиот сектор.

Сподели:

Работилница: Претставување на ГАП анализа за секторот Образование, Социјална политика и вработување и важност на секторските групи во ЕУ Интегративниот процес

29.11.2024

Целта на оваа работилница е да се презентираат две клучни работи и тоа: Родова анализа во која се оценуваат правните рамки, политики и иницијативи на Северна Македонија од родова перспектива, вклучително и оние што се однесуваат на секторот образвоание, вработување и социјална политика  и се укажува на поважните ограничувања и поволни фактори за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените во овој сектор. Исто така, се дава преглед на тековните јазови, бариери и предизвици во образованието, мерките кои се спорведуваат од Агенцијата за вработување, како и интегрирање на родовата перспектива  во подготовката на јавни политики/стратегии, така и работата и улогата на секторската работна група.Исто така на оваа работлиница учесниците имаа можност да разберат за Водичот за интегрирање на родовата перспектива во секторот здравство, каде детално се објаснети сите чекори и процеси од идентификување до мониториг за интегрирање на родовата перспектива во процесите и внесување во националните политики за овој сектор.

Сподели:

Работилница: Претставување на ГАП анализа за секторот Конкурентност и Иновации и важност на секторските групи во ЕУ Интегративниот процес

26.11.2024

Целта на оваа работилница е да се презентираат две клучни работи и тоа: Родова анализа во која се оценуваат правните рамки, политики и иницијативи на Северна Македонија од родова перспектива, вклучително и оние што се однесуваат на секторот конкурентност и иновации  и се укажува на поважните ограничувања и поволни фактори за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените во овој сектор. Исто така, се дава преглед на тековните јазови, бариери и предизвици за женското претприемништво, како и интегрирање на родовата перспектива  во подготовката на јавни политики/стратегии, така и работата и улогата на секторската работна група.Исто така на оваа работлиница учесниците имаа можност да разберат за Водичот за интегрирање на родовата перспектива во секторот конкурентност и иновации каде детално се објаснети сите чекори и процеси од идентификување до мониториг за интегрирање на родовата перспектива во процесите и внесување во националните политики за овој сектор.

Сподели: