За да им се помогне во спречувањето на трговијата со деца, како и во добро згрижување на децата жртви, проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе“ во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе дводневна обука за идентификување, заштита и упатување на потенцијални жртви на трговија со деца.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во тек е одржување на тродневна обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање четврти модул од циклусот на обуки за родово одговорно буџетирање.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, денес започна дводнева обука за родова анализа на третиот модул од циклусот на обуки за родово одговорно буџетирање.
Министерството за социјална политика демографија и млади во насоки на спроведувањето на стратегијата за родова еднаквост 2022и 2027 започна со процес на изработка на акциски план за родова еднаквост 2025-2027. За таа цел, денес во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа средба на работна група за изработка на акциски план за родова еднаквост 2025-2027. Работната група е составена од експерти поддржани од UN Woman за водење на проект и членови номинирани од Министерство за социјална политика демографија и млади и координатори/ки и заменички координатори/ки за еднакви можности од релевантното министерство, институции, граѓански организации и мрежи.
Денес во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа менторски состанок со четири институции кои ке бидат вклучени во процесот на родово одговорно буџетирање.
На ден 19.12.2024 година Ресурсниот центар беше посетен од страна на питомци и питомки од Воената Академија ,, Генерал Михаило Апостолски‘‘ – Скопје.