Новости

Соопштенија и интервјуа

Новости

Обука за основи на следење и евалуација на родово одговорни политики

На 19 и 20 октомври, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, се реализираше обуката „Основи на следење и евалуација на родово одговорни политики“, наменета за административните службеници на централно ниво.

Сподели:

Основна обука за родово одговорно буџетирање

На 14 и 15 октомври 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади, се реализираше дводневна обука на тема „Родово одговорно буџетирање“. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и зајакнување на капацитетите за примена на родово одговорното буџетирање, како значајна алатка за интегрирање на родовата перспектива во процесите на планирање, подготовка и реализација на буџетите. На обуката учествуваа претставници на единиците на локалната самоуправа, кои имаа можност да ги унапредат своите знаења и практични вештини за примена на родово одговорното буџетирање во работењето на локално ниво.

Сподели:

Реализирана обука за вклучување на родовата перспектива во стратешкото планирање

На 30 септември и 1 октомври, Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање успешно ја реализирање обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции на централно ниво. Учесниците се запознаа со основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост, алатките за родова анализа и начините за системско вклучување на родовата перспектива во сите фази на стратешкото планирање – од анализа и поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација.

Сподели:

Реализирана основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики

На 21 и 22 септември 2026 година во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за социјална политика демографија и млади се реализираше дводневната обука на тема „Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“ .

Сподели:

Основна обука за родова анализа

Во текот на дводневната обука, учесниците имаа можност да се запознаат со основните концепти и алатки за родова анализа, значењето на родово разделените статистички податоци и нивната примена во процесите на креирање политики. Посебно внимание беше посветено на родово сензитивните секторски политики, интерсекционалноста и идентификувањето на различните потреби,

Сподели:

Mенторски сесии за поддршка на институциите во процесот на родово одговорно буџетирање

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, во текот на изминатите две недели, се одржаа менторски сесии за родово одговорно буџетирање со претставници од Министерството за економија и труд, Агенцијата за администрација и Државниот завод за статистика. Менторските сесии беа насочени кон обезбедување експертска поддршка и стручни консултации за административните службеници, со цел да се зајакнат нивните капацитети за ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање, во согласност со Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава и Упатството за нејзино пополнување. Менторските сесии ги спроведе Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање.

Сподели: