Министерството зa социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжуваат со Менторската програма „Жени за жени“ за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Менторската програма има за цел да ги зголеми можностите за личен и професионален развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт на меѓусебна поддршка и јакнење, споделување на знаења и искуства, како и јакнење на солидарноста и вмрежување помеѓу жени.
Првиот циклус на обуки започна да се спроведува од септември до декември 2024 година и тоа една дводневна обука на 4-5 септември за менторките и менторираните жени, а потоа 25-26 септември дводневна обука менторини и градење на односот менторка-менторирана. По завршување на обука, ќе започне менторскиот циклус, во времетраење од три месеци.
Со цел одржливост на програмата нејзиното преземање понатаму да биде интегрален дел од модулите за обука во Ресурсниот центар на министерството, ќе се спроведат 2 циклуса на обуки и во 2025 од истите ќе се подготви група за обучувачи за оваа програма.