Скопје, 27-28 февруари 2025 г.
Статистиката од 2019 до 2023 година, покажува дека во Северна Македонија има приближно 60 идентификувани жртви на трговија со луѓе, повеќе од нив деца. Децата кои се жртви на трговија со луѓе најчесто потекнуваат од обесправените социјални групи. Децата пак без родителска грижа се наоѓаат во повисок ризик од трговија со луѓе поради нивните животни услови. Во овој контекст, улогата на психолозите, социјалните работници и педагозите е од клучно значење како во едукацијата на децата за опасностите од трговијата со луѓе, така и во пружање помош за децата.
За да им се помогне во спречувањето на трговијата со деца, како и во добро згрижување на децата жртви, проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе“ во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе дводневна обука за идентификување, заштита и упатување на потенцијални жртви на трговија со деца. Дваесет и двајца психолози, социјални работници и педагози кои обезбедуваат грижа за деца без родителска грижа, учествуваа во обуката и ги подобрија своите вештини за тоа како да им пристапат и идентификуваат потенцијални жртви на трговија со деца, како да ти идентификуваат нивните потреби и како да ги заштитат децата да не навлезат во маѓепсаниот круг на трговијата со деца
„Поединците стануваат поранливи поради физичко, психолошко и сексуално насилство. Трговците со луѓе врз своите жртви наметнуваат многу правила. Не смеат да јадат или спијат без негова/нејзина дозвола. Не им се дозволува да излегуваат надвор без придружба, а дури и кога се надвор, некој им го следи секој чекор“, рече Марика ПОДА КОНОР, едукатор од областа на трговијата со луѓе од Малта. Таа нагласи дека децата – жртви се социјално изолирани, набљудувани и чувани 24/7, и тренирани да кажуваат измислена приказна како покритие.
Користејќи методологии за учење кај возрасните, вклучително и интерактивни методи, работа во групи и дискусии за видео материјали на тема трговија со луѓе, учесниците можеа подобро да ги разберат профилите на децата - жртви како и на трговците со луѓе. Добрите практики од Малта за спречување и борба против трговијата со деца ги зајакна капацитетите на учесниците, во своите случаи да користат пристап кој е проактивен и насочен кон потребите на жртвата.
За време на обуката, претставници од НВО „За среќно детство“ имаа можност да ја претстават својата работа и искуство во помагање на жртвите на трговија со луѓе. Тие со учесниците исто така споделија ефективни модели за превенција на трговија со луѓе и деца.
Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа и имплементиран од Советот на Европа.