Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа јавна дебата за предлог Законот за родова еднаквост  на кој присуствуваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од министерствата и сите останати релевантни институции.
Тренчевска ја отвори јавната дебата со своето воведно обраќање.
„Има неколку  новини во предлог законот. Една од најважните работи е родовата интеграција. Не се мисли само на јавниот сектор и на државните органи и управа, туку и вклучување на ова прашање во приватниот сектор. Од особено значење е да зборуваме за еднаквост во сите области на општественото живеење“ истакна Тренчевска.
Таа додаде дека кога се работи за родовата еднаквост, се работи за човековите права и дека нема да се отстапува од приватниот сектор затоа што тоа е особено важна алка во синџирот за спроведување на родовата еднаквост.
„Верувам дека дискусијата ќе вроди со дополнителни предлози и сугестии за да го направиме законот не само пишан текст на хартија туку нешто што може да се имплементира во наредниот период“ истакна Тренчевска.
За време на јавната дебата беа истакнати мислењата и предлозите од страна на присутните.