Министерството за труд и социјална политика ја организира регионалната конференција „Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот“. Конференцијата е организирана заедно со канцеларијата на UN Woman во Скопје со поддршката на Швајцарија и Шведска. Предвидено е да трае 2 дена во присуство на претставници од регионот коишто се занимаваат со предизвиците поврзани со родовата еднаквост.
Конференцијата ја отворија со своите воведни обраќања Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, Заменик амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија, Луциен Аегертер и Раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред.
Целта на конференцијата е размена на добри практики од регионот како и размена на решенија за предизвиците со кои се соочува регионот во однос на родовата еднаквост.