Новости

Соопштенија и интервјуа

Новости

Преку обуките во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање се зајакнуваат капацитетите на вработените во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје започна со спроведување на серија обуки наменети за зајакнување на капацитетите во институциите, кои се одржуваат во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање. Обуките се спроведени од Центарот за управување со промени во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ финансиски поддржан од Швајцарија и Шведска.

Сподели:

Ресурсниот центар за креирање политики и родово одговорно буџетирање продолжува во исполнување на својата цел

Министерството за труд и социјална политика организираше уште една дводневна работилница во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање на тема „Родово буџетски изјави- Извештај за родово одговорно буџетирање (Follow up)“.

Сподели:

МТСП организираше сет работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“

Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање од 4 до 8 април 2022 година организираше сет на работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“.

Сподели:

Отворање на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политки и буџетирање

На 3 март 2022 година свечено се отвори Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политки и буџетирање од страна на МТСП, а со поддршка на UN women канцеларијата во Скопје.

Сподели:

Тренчевска: Нема да застанеме се додека не воспоставиме целосен баланс во родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика денеска оствари средба со претставничките на UN Women – Скопје. На средбата се разговараше заразличните форми на насилтво врз жените, за соработка и за промоција на родово одговорните политики и буџетирање, како и за новиот Закон за родова еднаквост и за воспоставуањето на првиот Ресурсен центар за креирање политики и буџетирање.

Сподели:

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА РОДОВИ ПРАШАЊА

Министерството за труд и социјална политика, во рамки на програмaта за обуки на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, објавува повик за учество на обуката „Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики„, која ќе се одржи на 17 и 18 октомври 2022 година.

Сподели: