Петта седница на Интерресорска консултативна и советодавна група за еднкви можности на жените и мажите
На 20 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање се одржа петтата седница на Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите.
Во рамките на седницата, претставничка од Национална федерација на фармери ги презентираше резултатите од истражувањето за решавање на статусот на регистрираните земјоделки во делот на породилното отсуство. Презентацијата отвори значајна дискусија за потребата од унапредување на законските и институционалните решенија со цел обезбедување поголема социјална заштита и еднакви можности за жените во земјоделството.
На седницата беше презентирана и информација за иницијалниот состанок на иницијативата „50:50“, насочена кон унапредување на родовата еднаквост и поттикнување на еднакво учество на жените и мажите во процесите на донесување одлуки.
Членките разменија мислења и предлози за натамошни активности и мерки кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на политиките за еднакви можности и зајакнување на меѓуинституционалната соработка во оваа област.




.jpg)
.jpg)

