Министерството за социјална политика демографија и млади во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка- ГИЗ организираше летна школа која се одржа од 25 – 28 Август во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
На вториот ден од одржување на летната школа, учесниците презентираа за политиките и механизмите за родова еднаквост во своите држави, како и за предизвиците со кои се соочуваат при нивна реализација.
Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска ги поздрави младите – учесници на Летната школа за родова еднаквост, која се одржува од 25 – 28 Август во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.Летната школа за родова еднаквост ги обедини младите до 35 годишна возраст од регионот– вработени во администрација и има за цел зајакнување на знаењата за родовата еднаквост и младите да ги разберат придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.Истата се реализира во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка- ГИЗ.
Средба на втора група менторки и менторини Главна цел беше зајакнување на жените преку воспоставување на менторски односи меѓу искусни професионалки (менторки)и жени на почетокот од својата кариера (менторирани), со фокус на личен раст, градење самодоверба, професионален развој и меѓусебно охрабрување, лидерски вештини и пристап до можности.
Во ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се оддржа презентација на "Извештајот за интрасекциска и повеќекратна дискриминација кон жените и девојчињата Ромки во пристапот до правда".
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 менторски сесии за родово одговорно буџетирање за институциите на централно ниво.