Новости

Соопштенија и интервјуа

Новости

Оновите на дискриминација, препознавање на дискриминација и расна дискриминација

Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе две еднодневни обуки на ден 29.12 и 30.12.2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање. Обуките беа наменети за стручните лица од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје и претставници од стручните служби од детските градинки во Скопје. Целта на обуката е да се препознае дискриминацијата, да се реагира и да се поттикне на еднаквост и инклузивност во општеството. Обуката е подржана од Советот на Европа , преку програмата за борба против омразата и нетолеранција на Хоризонталниот инструмент Западен Балкан и Турција.

Сподели:

Основна обука за родово одговорно буџетирање

На 24 декември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, успешно се одржа Основна обука за родово одговорно буџетирање.

Сподели:

Реализирани обуки  за зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамките на своите континуирани активности и со поддршка на UN Women, успешно  реализираше  две дводневни обуки наменети за административни службеници за зајакнување на капацитетите за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Сподели:

Одржана обука за родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики

Министерството за социјална политика, демографија и млади, согласно Планот и програмата на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџети, на 17 декември 2025 година организираше обука наменета за зајакнување на капацитетите за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Сподели:

Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање

Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање на 24 и 25 ноември 2025 година успешно ја реализира втората  обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции.

Сподели:

Менторската програма „Жени за жени“

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ во септември 2024 година ја започна Менторската програма „Жени за жени“ за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.

Сподели: