Основна обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми

Сподели

За обуката

Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.

Резултати од обуката

Очекуваните резултати од обуката се:

- Да се запознаат со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање

- Да ги разберат основните принципи за инклузивно и родово одговорно буџетирање

- Да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите апекти при креирање на јавни политики и буџет

- Да ги идентификуваат влезните точки за родово одговорно буџетирање

- Да се запознаат со циклусот на буџетирање

Обучувач

Нада Димитриевска

Нада Димитриевска има повеќегодишно искуство во областа на работата на државната администрација и работата на органите на државната управа. Таа има искуство и поседува експертиза во областа на човековите права и државните институции на Република Северна Македонија кои работат со функција за заштита на истите. Таа има долгогодишно искуство во работата во јавниот сектор и како координатор на проекти во областа на антидискриминација и човекови права.

Таа обезбедува менторска поддршка во областите на нејзината експертиза.

Бранка Минчева Коцевска

Бранка Минчева-Коцевска има повеќегодишно искуство во зајакнување на капацитетите на државната администрација за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите, како родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Таа обезбедува експертска поддршка, обуки и менторска поддршка за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на министерствата и другите органи на државната управа на централно ниво, како и за ЕЛС. Таа, исто така, има долгогодишно искуство како координатор за еднакви можности во државните институции со практично искуство во користење на родови методологии и алатки за вклучување на родовата перспектива и родово одговорно буџетирање.

Документи за обуката

Тип
Физичка
Времетраење
2 дена
Сесии
1
Часа
8
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk
Тип
Физичка
Времетраење
2 дена
Сесии
1
Часа
8
Учесници
20

Контакт за повеќе информации:

gabriela.madzoska@mtsp.gov.mk

Претходно одржани термини

  • 24.12.2025 - 24.12.2025
  • 15.10.2024 - 16.10.2024
  • 08.10.2024 - 09.10.2024
  • 08.10.2024 - 09.10.2024

Контактирајте не преку овој формулар