За обуката
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Резултати од обуката
Очекуваните резултати од обуката се:
- Да се запознаат со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање
- Да ги разберат основните принципи за инклузивно и родово одговорно буџетирање
- Да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите апекти при креирање на јавни политики и буџет
- Да ги идентификуваат влезните точки за родово одговорно буџетирање
- Да се запознаат со циклусот на буџетирање
Обучувач
Нада Димитриевска
Нада Димитриевска има повеќегодишно искуство во областа на работата на државната администрација и работата на органите на државната управа. Таа има искуство и поседува експертиза во областа на човековите права и државните институции на Република Северна Македонија кои работат со функција за заштита на истите. Таа има долгогодишно искуство во работата во јавниот сектор и како координатор на проекти во областа на антидискриминација и човекови права.
Таа обезбедува менторска поддршка во областите на нејзината експертиза.
Бранка Минчева Коцевска
Бранка Минчева-Коцевска има повеќегодишно искуство во зајакнување на капацитетите на државната администрација за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите, како родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Таа обезбедува експертска поддршка, обуки и менторска поддршка за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на министерствата и другите органи на државната управа на централно ниво, како и за ЕЛС. Таа, исто така, има долгогодишно искуство како координатор за еднакви можности во државните институции со практично искуство во користење на родови методологии и алатки за вклучување на родовата перспектива и родово одговорно буџетирање.