За обуката
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Резултати од обуката
Очекуваните резултати од обуката се:
- Да се запознаат со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање
- Да ги разберат основните принципи за инклузивно и родово одговорно буџетирање
- Да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите апекти при креирање на јавни политики и буџет
- Да ги идентификуваат влезните точки за родово одговорно буџетирање
- Да се запознаат со циклусот на буџетирање
Обучувач
Елена Манчева
Елена Манчева има долгогодишно работно искуство во државната администрација, на различни работни места. Има посетено голем број обуки за заштита на лични податоци, слободен пристап до информации од јавен карактер, антикорупција, управување со квалитет, управување со проектен циклус, стратешко планирање, еднаквост и недискриминација, родово буџетирање и анализа и др. Нејзини интереси се услугите и реформите на јавната администрација, родовите прашања и антидискриминација.