За обуката
Обуката треба да обезбеди разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.
Резултати од обуката
Очекуваните резултати од обуката се:
- Да се запознаат со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање
- Да ги разберат основните принципи за инклузивно и родово одговорно буџетирање
- Да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите апекти при креирање на јавни политики и буџет
- Да ги идентификуваат влезните точки за родово одговорно буџетирање
- Да се запознаат со циклусот на буџетирање
Обучувач
Марија Бабовиќ
Д-р Марија Бабовиќ има повеќе од 25 години искуство како социјален истражувач и над 15 години ангажман во областа на родовата еднаквост и економското зајакнување на жените, со силен фокус на справувањето со родово заснованите економски нееднаквости. Таа е редовен професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград (Катедра за социологија) и директорка за програми во организацијата „SeConS – Група за развојни иницијативи“.
Професорката Бабовиќ поседува голема експертиза во истражувањето, анализата на политики, евалуацијата и процесите на ко-креирање, со посебен акцент на човековите права на жените и нивното зајакнување во Југоисточна Европа, Источна Европа и Централна Азија. Соработувала со бројни меѓународни организации, вклучувајќи ги ЕУ, UN Women, UNICEF, UNDP, UNFPA, IOM, EBRD, AFD и Светската банка.
Нејзината работа опфаќа раководење со процесот на прилагодување на глобалната Стратегија на UN Women за економско зајакнување на жените за регионот на Европа и Централна Азија, како и регионална аналитичка работа поврзана со родовите димензии на мешаните миграции во Европа и Централна Азија. Таа е и автор на првиот Извештај за индексот на родова еднаквост за Западен Балкан, објавен од Европскиот институт за родова еднаквост (EIGE).
Објавила бројни монографии, статии и рецензирани трудови, давајќи значителен придонес кон развојот на знаењето и креирањето политики засновани на докази во областите на родовата еднаквост, економското зајакнување на жените и миграциските политики кои ги земаат предвид родовите аспекти.
Кристина Дода
Кристина Дода е експерт за човекови права која води програми што промовираат фундаментални права, родова еднаквост, пристап до правда и инклузивни јавни политики. Таа има богато искуство во работа со меѓународни организации, јавни институции и организации на граѓанското општество, поддржувајќи правни и политички реформи, институционален развој и интеграција на принципите на човекови права во иницијативите за управување и развој. Нејзината експертиза опфаќа пристапи базирани на човекови права (HRBA), антидискриминација, родова еднаквост, вклучување на лицата со попреченост, пристап до правда, анализа на законодавството и политиките, истражување, мониторинг, вклучување на засегнатите страни и градење капацитети. Таа успешно управувала со сложени програми, координирала мултидисциплинарни партнерства, подготвувала извештаи во сенка за меѓународни механизми за човекови права, поддржувала законодавни реформи и развивала практични методологии и имплементирала програми за обука за јавни институции и организации на граѓанското општество.