Во Ресурсниот центар за родово договорно креирање на политики и буџетирање во тек е „Основната обука за родово одговорно буџетирање и негова примена во секторските политики и програми“. Обуките се организирани од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентсни, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, имплементирана од UN Women, со финансиска поддршка од Швајцарија и Шведска.

Со овие обуки се обезбедува разбирање за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање како и пециjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за родова анализа.

Очекувањата од овие обуки се  запознаат учесниците со концептите и процесите на родово одговорно буџетирање. Да ги разберат основните принципи за инклузивно и родово одговорно буџетирање. Да научат да идентификуваат пристап за вклучување на родовите аспекти при креирање на јавни политики и буџет. Да ги идентификуваат влезните точки за родово одговорно буџетирање. Да се запознаат со циклусот на буџетирање.

Обуката е реализирана од Центарот за управување со промени.