Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржаа завршните средби од ГРЕВИО евалуциска посета на Република Северна Македонија. Во текот на 5 дена беа одржани средби со државни институции и невладиниот сектор.
На состаноците беше потенцирано дека успешната имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција) е од особена важност во борбата против насилството врз жените како и подигање на општествената свест во однос на тоа прашање.
На крајот од посетата беа презентирани прелиминарни насоки кои ќе ги добијат институциите и во писмена форма во наредниот период.