Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беше местото каде се одржа консултативна средба за воспоставување формат на регистер за бездомништво, во рамки на проектот „ComeHome - Combating Homelessness in the Western Balkans“, а организирана од Министерство за социјална политика, демографија и млади и Здружение на граѓани Љубезност.
Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Во тек е дводневна обука за Проценка на влијанието на регулативата ( родовите аспекти во проценката на влијанието на политиките и регулативата) наменета за вработените од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството.
Во изминатите денови во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржаа менторски сесии за зајакнување на капацитетите на менторите во Секторот за еднакви можности за вклучување на родовата перспектива во буџетите на институциите.
За да им се помогне во спречувањето на трговијата со деца, како и во добро згрижување на децата жртви, проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе“ во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе дводневна обука за идентификување, заштита и упатување на потенцијални жртви на трговија со деца.