Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 менторски сесии за родово одговорно буџетирање за институциите на централно ниво.
Менторските сесии се насочени кон активности кои имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање.
На 19 и 20 Мај 2025 Министерството за социјална политика демографија и млади заедно со UN Woman беа домаќини на Регионалната средба на родовите механизми од Западен Балкан. Заедно со експерти и институции од целиот регион, се разговараше за тоа што е потребно за родовата еднаквост да стане секојдневна реалност.
Менторските сесии се насочени кон активности кои имаат за цел да обезбедат експертска поддршка преку организирање менторски сесии и стручни консултации за поддршка на државните службеници во ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање.
Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжуваа со Менторската програма "Жени за жени'' за поттикнување на професионалниот развој и лидерство на жените во јавниот сектор, наменета за жени во редовен работен однос во министерството. Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на 7 и 8 Мај 2025 година се одржа дводневна обука за менторини.
Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беше местото каде се одржа консултативна средба за воспоставување формат на регистер за бездомништво, во рамки на проектот „ComeHome - Combating Homelessness in the Western Balkans“, а организирана од Министерство за социјална политика, демографија и млади и Здружение на граѓани Љубезност.