За обуката
Цели на програмата се учесниците да се стекнат со знаења за основни поими ма родова рамноправност, да ги препознаваат разликите во позициите на моќ во општеството кои се услов за родова дискриминација за да може при креирање на стратешки документи и јавни политики да ги пресретнат потребите на мажите и жените подеднакво и да застапуваат за нивно донесување и спроведување.
Резултати од обуката
Учесниците имаат утврдени знаења за род и пол, родови улоги , родов идентитет и родови стереотипи
Учесниците прават разлика помеѓу Родова свесност, родова рамноптавност, родова слепост и родова неутралност
Учесниците за знаат важноста на родова поделени податоци и родови индикатори и знаат да ги употребуваат
Учесниците ја разбираат целта на вклучувањето на родовата перспектива во политиките
Учесниците знаат да употребуваат алатки за вклучување на родовата перспектива во јавите политики и програмите
Учесниците разликуваат родово одговорни политики, родово неутрални политики и родово трансформативни политики
Учесниците го разбираат процесот на застапување и познаваат алатки за застапување