За обуката
Главната цел на обуката е да ги подготви јавните службеници/ки со теоретски знаење и практични алатки за интегрирање родов принцип во стратешкото и годишното планирање, во согласност со националните обврски кои произлегуваат од закони и методологија.
Креирањето на политиките, стратегиите, програмите и проектите со вклучување на родовата перспектива придонесува за решавањето многу развојни проблеми и донесува конкретни придобивки за владата, за поединците – жените и мажите, и за општеството во целина.
Иако кога станува збор за стратешкото планирање се смета дека најодговорни се оние кои работат директно на изготвување на стратешките планови, сепак сите се засегнати не само со
изготвувањето туку и од реализацијата на стратешките планови. Поради тоа оваа обука би била од корист за претставници од повеќе сектори на институциите.
Резултати од обуката
/Обучувач
Бранка Минчева Коцевска
Бранка Минчева-Коцевска има повеќегодишно искуство во зајакнување на капацитетите на државната администрација за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите, како родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Таа обезбедува експертска поддршка, обуки и менторска поддршка за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на министерствата и другите органи на државната управа на централно ниво, како и за ЕЛС. Таа, исто така, има долгогодишно искуство како координатор за еднакви можности во државните институции со практично искуство во користење на родови методологии и алатки за вклучување на родовата перспектива и родово одговорно буџетирање.