За обуката
Овој модул ги води учесниците низ евалуациски рамки и ги користи и стандардите на Обединетите нации и OECD. Целта е да се разбере како родовата перспектива е клучен елемент – и тоа не само декларативно, туку преку конкретни алатки и индикатори кои овозможуваат систематска проценка на родовите аспекти во секоја јавна интервенција.
Зошто е ова важно?
Затоа што сè почесто јавните институции се повикуваат да демонстрираат отчетност и ефективност – не само дали нешто е направено, туку и како тоа влијаело на жените и мажите, подеднакво или нееднакво. Родово-одговорната евалуација не е само технички пристап; таа претставува вредносна определба дека вредноста на јавните политики се мери и преку нивната способност да создадат поправедно општество.
Резултати од обуката
/Обучувач
Бранка Минчева Коцевска
Бранка Минчева-Коцевска има повеќегодишно искуство во зајакнување на капацитетите на државната администрација за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите, како родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Таа обезбедува експертска поддршка, обуки и менторска поддршка за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на министерствата и другите органи на државната управа на централно ниво, како и за ЕЛС. Таа, исто така, има долгогодишно искуство како координатор за еднакви можности во државните институции со практично искуство во користење на родови методологии и алатки за вклучување на родовата перспектива и родово одговорно буџетирање.
Искра Белчева - Ристовска
Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори.