За обуката
Целата на обуката е зајакнување на знаењата на административните службеници од регионот за родовата еднаквост, да се разберат придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.
Резултати од обуката
/Обучувач
Неда Малеска Сачмароска
Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени.
Искра Белчева - Ристовска
Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори.