На 20 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање се одржа петтата седница на Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите.
На 15 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа состанок на Работната група за подготовка на стандарди за воспоставување на Центар за дневно и привремено прифаќање на жртви на трговија со луѓе.
На 21 април, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа работна средба на тема „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во тек e одржување на тродневна обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање. Целта на обуката е учесниците да ги зајакнат капацитетите и вештините за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање, преку примена на интерактивни методи, размена на искуства и практична работа.
Во текот на март 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беа одржани вкупно 10 менторски сесии за родово одговорно буџетирање, наменети за институциите на централно ниво.
Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на УНФПА и Амбасадата на Обединетото Кралство изминативе години со сериозен пристап работеше на превенцијата, заштитата и спречувањето на родово - базираното насилство врз жени и семејно насилство. Покрај работата на стратешки документи, законски и подзаконски решенија, се работеше и на подигање на свеста на јавноста согласно Планот за стратешко комуницирање на услугите за родово-базирано насилство и семејно насилство кој што Министерството го води и спроведува преку кампањи на оваа тема. Како дел од проектните активности со партнерите се и менторинг сесиите за стратешка комуникација на услугите за превенција и заштита на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство. Досега се реализираа шест менторинг сесии, со можност за дополнителни сесии согласно потребите. Земајќи предвид дека во областа на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство се вклучени повеќе министерства и важноста на мултисекторскиот пристап, последните сесии се организираат со учество на лицата кои работат во односи со јавност од релевантните министерства - за внатрешни работи, за правда, за здравство и за образование.