Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, во текот на изминатите две недели, се одржаа менторски сесии за родово одговорно буџетирање со претставници од Министерството за економија и труд, Агенцијата за администрација и Државниот завод за статистика. Менторските сесии беа насочени кон обезбедување експертска поддршка и стручни консултации за административните службеници, со цел да се зајакнат нивните капацитети за ефективна примена на алатките за родово одговорно буџетирање, во согласност со Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава и Упатството за нејзино пополнување. Менторските сесии ги спроведе Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање.
На 08.06.2026 година во просториите на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се одржа Работилница за утврдување на приоритети за економија на грижа во Северна Македонија.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, Центарот за управување со кризи, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка од канцеларијата на UN Women – Скопје, ја одржа работилницата на тема: „Координиран институционален одговор за заштита од насилство врз жените во Република Северна Македонија“.
На 20 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање се одржа петтата седница на Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите.
На 15 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа состанок на Работната група за подготовка на стандарди за воспоставување на Центар за дневно и привремено прифаќање на жртви на трговија со луѓе.
На 21 април, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа работна средба на тема „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“.