На 15 мај 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа состанок на Работната група за подготовка на стандарди за воспоставување на Центар за дневно и привремено прифаќање на жртви на трговија со луѓе.
На 21 април, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, се одржа работна средба на тема „Застапеност и влијание на жените во политиката и постигнување на паритет 50/50“.
Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во тек e одржување на тродневна обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање. Целта на обуката е учесниците да ги зајакнат капацитетите и вештините за развој и испорака на успешна програма за обука за родово одговорно буџетирање, преку примена на интерактивни методи, размена на искуства и практична работа.
Во текот на март 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање беа одржани вкупно 10 менторски сесии за родово одговорно буџетирање, наменети за институциите на централно ниво.
Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на УНФПА и Амбасадата на Обединетото Кралство изминативе години со сериозен пристап работеше на превенцијата, заштитата и спречувањето на родово - базираното насилство врз жени и семејно насилство. Покрај работата на стратешки документи, законски и подзаконски решенија, се работеше и на подигање на свеста на јавноста согласно Планот за стратешко комуницирање на услугите за родово-базирано насилство и семејно насилство кој што Министерството го води и спроведува преку кампањи на оваа тема. Како дел од проектните активности со партнерите се и менторинг сесиите за стратешка комуникација на услугите за превенција и заштита на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство. Досега се реализираа шест менторинг сесии, со можност за дополнителни сесии согласно потребите. Земајќи предвид дека во областа на родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство се вклучени повеќе министерства и важноста на мултисекторскиот пристап, последните сесии се организираат со учество на лицата кои работат во односи со јавност од релевантните министерства - за внатрешни работи, за правда, за здравство и за образование.
Претставници на министерството за социјална политика, демографија и млади денеска одржаа координативен состанок со донаторската заедница која работи на прашања во областа на родова еднаквост во нашата држава, со цел меѓусебно информирање за активностите на министерството во оваа област.